Инфлацијата во февруари - 3,9 отсто

Bez autora
Mar 02 2011

Инфлацијата во февруари годинава достигна 3,9 отсто. За толку проценти скокнале трошоците за живеење во споредба со истиот месец лани. Според Државниот завод за статистика, цените на мало, во однос на јануари, бележат зголемување за 0,6 отсто, а во однос нао февруари лани, пораснале за 3,8 отсто. Порастот на трошоците за живеење е резултат на повисоките индекси на зеленчукот - за 13,4 отсто, на производите од жито и на овошјето за 2,5 отсто, на другите прехранбени производи за 1,7 отсто, свежото и киселото млеко, јајцата и мастите, за 1,3 отсто и на преработениот зеленчук и преработките од риба за 1 отсто. Во февруари пораснале индексите кај комунално-станбените услуги за 2,5 отсто, на материјалите за одржување на станот за 1,2 отсто, течните горива и гасот за 0,9 отсто, на лековите за 0,8 отсто и пијалаците во ресторани и хотели за 0,6 отсто.

Инфлацијата во февруари - 3,9 отстоИнфлацијата во февруари годинава достигна 3,9 отсто. За толку проценти скокнале трошоците за живеење во споредба со истиот месец лани.

Според Државниот завод за статистика, цените на мало, во однос на јануари, бележат зголемување за 0,6 отсто, а во однос нао февруари лани, пораснале за 3,8 отсто.

Порастот на трошоците за живеење е резултат на повисоките индекси на зеленчукот - за 13,4 отсто, на производите од жито и на овошјето за 2,5 отсто, на другите прехранбени производи за 1,7 отсто, свежото и киселото млеко, јајцата и мастите, за 1,3 отсто и на преработениот зеленчук и преработките од риба за 1 отсто.

Во февруари пораснале индексите кај комунално-станбените услуги за 2,5 отсто, на материјалите за одржување на станот за 1,2 отсто, течните горива и гасот за 0,9 отсто, на лековите за 0,8 отсто и пијалаците во ресторани и хотели за 0,6 отсто.

Намалување на индексот на трошоците за живеење минатиот месец, во споредба со јануари, е забележано кај млечните производи за 0,4 отсто и кај преработките од месо за 0,2 отсто. Намалување имало и кај трошоците за одржување на автомобилите за 2,7 отсто и кај услугите за сместување за 2,3 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik